КАКО ДА НАРАЧАМ?

Одберете го производот што Ве интересира и кликнете на копчето текстот „Купи" или „Детали“. Со кликнување на текстот „СТАВИ ВО КОШНИЧКА" одбраниот производ е ставен во Вашата кошничка.

За повеќе производи повторете ја постапката. Кошничката ги чува сите информации за производите што сте ги одбрале.

Кога ќе завршите со одбирањето производи, кликнете на текстот „ Покажи кошничка" и ќе се појави страна каде можете да ги видите производите кои се ставени во кошничката со содветна цена и количина. Сега можете да ја измените количината на одбраните производи или да избришите (отстранете) одреден производ.

Доколку производите кои се во кошничката сакате да ги нарачате кликнете на текстот на копчето „Плаќање".

Ако сте регистриран корисник, ќе може овде да се најавите со вашето корисничко име и лозинка, а доколку сте веќе најавени, продолжите со одбирање „Адреса за испорака'.

Ако не сте регистриран корисник, овде можете да се регистрирате, следејќи ги напаствијата за регистрација на нов корисник, со што ќе добиете корисничко име и лозинка, кое е потребно за понатамошно процесирање на нарачката.

Одберете Адреса за испорака:

Пополнете ги соодветно полињата. Доколку сакате друга адреса за испорака (различна од она наведена во регистрацијата) одберете опција „Да" после текстот „ Друга адреса за испорака". Полињата означени со „*" се задолжителни за пополнување. Потоа кликнете на сликата со текст „ПРОДОЛЖИ".

Одберете Начин на плаќање:

1. Плаќање во готово при испорака - значи дека фактурата за нарачката ќе ја платите на курирот кој ќе Ви ја донесе стоката.

2. Претходно плаќање со уплатница - на уплатница ги пополнувате потребните податоци, уплаќате електронски или во најблиската банка или пошта.. Откако уплатата ќе се реализира на нашата сметка, ние ќе Ви ја испорачаме стоката.

Потоа кликнете на копчето со текст „ПРОДОЛЖИ".

Сега можете да ја видите уште еднаш нарачката, а имате и поле во кое можете да впишете свој коментар или некоја забелешка која мислите дека е потребна. Нарачката можете да ја потврдете само ако ги прифатите Условите за користење и Политика за рекламација со означување на соодветното поле.

По кликнувањето на „ПОТВРДИ ЈА НАРАЧКАТА" ќе добиете е-пошта, на адресата запишана во вашата регистрација, со детали од нарачката.

Во текот на истиот или следниот работен ден ќе бидете контактирани за испораката.

Вашите нарачки можете да ги видите ако притиснете на „Моја сметка" доколку сте најавени на страницата.

Ако имате прашања или забелешки слободно обратете се на телефон (02) 240 30 30 (пон.-пет. 09-16h) или на е-пошта: .