Царинско посредување
ЈАСС ШПЕД е македонска компанија која е една од најиновативните и добро информирани компании во областа на царинското посредување.
Нашите клиенти знаат дека се превземаат сите неопходните мерки за високо професионален и ефикасен начин на царинење на нивните пратки.
Нашето специјализирано знаење, подржано со залагањата да се одговори на потребите на клиентите, доведува до поголема ефикасност во испораките, откривање на можностите за редуцирање на царинските давачки и примена на најдобрите практики за избегнување на казни и намалување на ризикот од неусогласеност во работењето со царинските прописи.
Консалтинг
Најквалитетна и царински најфокусирана консултантска пракса во Македонија. Царинските експерти на ЈАСС ШПЕД им помагаат на компаниите во спроведување на програмите за усогласеност со царинските прописи, тарифирањето, царинската вредност, потеклото, жалбените постапки, при вадење на разни одобренија, спроведување на специјализирани обуки.
Понекогаш вашата компанија може да има потреба да се потпре на надворешен извор за да го обезбеди она што и треба, а посебно кога работењето со својот царински посредник е со директно застапување кога одговорноста е на компанијата. Многу големи компании во работењето со царината се потпираат на нашето знаење и искуство. Имајќи некој кој ќе ви обезбеди совети за разни царински прашања, кој ќе ве води низ царински случаи или кој ќе ви обезбеди во вистинско време специјализирана обука, ЈАСС ШПЕД може да е вистинскиот клуч за вашиот успех.