Baner Leonm

 

Свежина, дарежливост и традиција од еден век

Леонидас претставува светски познат белгиски производител на чоколадни производи, продавајќи над 100 различни видови на белгиски чоколадни пралини  во повеќе од 1.300 продажни места ширум светот. Сеуште, вербата која пред еден век ја потикнала и водела компанијата е силна како секогаш.

Свежина

Леонидас ја гарантира свежината и квалитетот на своите чоколадни пралини. Тие секокаш се направени според традиционалните методи, користејќи ги само најдобрите состојки. 100% чист какао путер за преливање на чоколадните пралини. Природни состојки, како свеж путер, свеж крем и вкусни деликатеси, како што се лешници од Турција, Морелло цреши од Перогорд, бадеми од Италија и ореви од Гренобл. Исто така, при правењето се користи и најнова технологија со која е загарантирана свежината, квалитетот и сигурноста на производите. Леонидас го има воведено и HACCAP систем (Hazard Analysis and Critical Control Points system).

Дарежливост

Животот е преполн со прилики за да ја покажете вашата дарежливост мислејќи на некој друг. Постојано се појавуваат вакви прилики, без разлика дали е во прашање роденден, забава, вечера со пријателите, романтично вечерно излегување или едноставно гест на благодарност. Периоди кога сакате да покажете некому колку многу го сакате или го почитувате. Или моменти кога сакате некого да изненадите, нешто да честитате или пак едноставно сакате некого да разгалите без постоење на некоја посебна причина. Независно дали станува збор за голем или мал повод, Леонидас чоколадните пралини претставуваат совршен подарок. 

Традиција повеќе од 100 години

Основачот, Леонидас Кестекидес, ја изградил својата компанија врз основа на цврсти принципи. Денес, ние со огромна гордост ги застапуваме тие принципи поради кои сме и толку пасионирани во врска со чоколадните пралини и никогаш нема да ја компромитираме нашата долгоодржувачка традиција на целосен квалитет.

Повеќе информации: www.leonidas.com

Историја на Леонидас

  • 1910
  • 1935
  • 1970
  • 21-ви Век

1910 2

1910

Во 1910 година, Леонидас Кестекидес, слаткар од Соединетите Американски Држави, отпатувал во Белгија за прв пат да ги покаже своите слаткарски производи, и веднаш наишол на огромен успех благодарение на квалитетот на неговите производи.

Младиот грк Леонидал Кестекидес, слаткар од САД уште од раните години на 20-от век, во 1910 година присуствувал на светскиот саем во Брисел, а во 1913-та година на саемот во Гент како член на грчката делегација од САД.

Тој е награден со бронзен и златен медал за неговите чоколадни слатки.

Здобивајќи се со огромно признавање за својата работа, како и заљубувајќи се во една млада убава девојка од Брисел (со која подоцна стапил во брак), Леонидас решава негово постојано место на живеење да биде Белгија.

Тој отвара слаткарница во Брисел, Гент и Бланкенберж.

1910 1

leo25

1935

1935: Во својата "лабараторија", Басилие Кестекидес кој го наследил основачот, создава комплетно нов асортиман на нови чоколадни пралини, вклучувајќи ги добро познатите ‘Manon' од Леонидас.

Во 1935 година, внукот на основачот, Басилие Кестекидес ја презема работата во свои раце и го инкорпорира логото на компанијата со ликот на големиот спартански крал Леонидас, во чест на неговиот вујко.

Ненадминливиот слаткар ги продава своите свежо направени чоколадни пралини преку отворен прозорец од својата продавница на булевар Анспах, каде се изложени производите и на начин на кој може да бидат видени од сите поминувачи.

Сонот на основачот, кој е овековечен од страна на неговите наследници, бил да се направат овие белгиски чоколадни пралини достапни за секого без притоа да се намали на стандардот.

Manon- Леонидас чоколадната пралина, совршено ја илустрира оваа волја за демократизација: иноваторската идеја била да се замени традиционалниот обичен сладок прелив со бело чоколадо и оревот со печен лешник. Многу набрзо, Леонидас Манон, станал водечки во целиот асортиман на Леонидас чоколадните пралини.

1958

Anspach1

1970

Во 1970 година, ЛЕОНИДАС станува компанија со ограничена одговорност. Малата слаткарска работилница минала долг пат!

Александрос Кестекидес пристигнал во Белгија во 1940 година и тој заедно со Басилие работеле заедно на создавање на различни вкусови користејќи пралини и чоколада.

Александрос Кестикидес продолжил со завземање интерес во компанијата и во вкусовите на пралините се до крајот на неговото управување со компанијата во 1998.

Фамилијарно управуваната компанија ги прочистува и прави неговите рецепти за клиентела која до сега ја има проширено надалеку, надвор од Белгиските граници.

Експанзијата на ЛЕОНИДАС се одвива без никакви проблеми се додека компанијата останува спремна, претпазлива и продолжува да гарантира свежина на своите производи кои го продава на потрошувачите.

21

21-ви Век

Денес ЛЕОНИДАС чоколадните пралини се продаваат во 45 различни земји во светот, и тоа преку мрежа од 1.300 продажни места. Авантурата продолжува...

 

ИМАТЕЛ НА ГАРАНЦИЈА ОД СУДОТ НА БЕЛГИЈА

ЛЕОНИДАС, ОФИЦИЈАЛЕН СНАБДУВАЧ НА СУДОТ

На 15 ноември 2013 година, Неговото Височество Кралот на Белгија ја објави првата листа на Официјални Снабдувачи на судот, како дел од новото владеење.

Благодарение на својата одлична вредност во споредба со парите, Леонидас е еден од привилегираните нови снабдувачи чии производи сега можат да го носат кралскиот грб.

supplier 1

Денес, името ЛЕОНИДАС претставува синоним за типични белгиски чоколадни пралини за белгијците секако, но исто така и за познавачите на добро чоколадо и гурманите ширум светот кои уживаат во белгиските ЛЕОНИДАС чоколадни пралини на пет континети.

ЛЕОНИДАС чоколадните пралини се продаваат во дури 1.300 продавници, од Париз до Рим, од Сиднеј до Токио, од Брисел до Њујорк...

Навистина, Леонидас чоколадните пралини се продаваат насекаде, во било која земја каде патувате, во било кој град каде ќе се најдете, ќе најдете продавница која го носи знакот на ЛЕОНИДАС.